24фудбал

Салах размислува за заминување од Ливерпул, желба му е да игра во Ла Лига

Египетската ѕвезда Мохамед Салах сериозно размислува на крајот на сезонава да си замине од Ливерпул и после шест години да побара нов предизвик, а Шпанија му е желба за следна дестинација, објави познатиот француски новинар Санти Она од „Футмеркато“.

Англија

Според информациите на Она, Салах чувствува дека авантурата на „Енфилд“ е пред крај и дека нема што повеќе да понуди после овој шестгодишен период, чувствувајќи се презаситен и со желба да има нов предизвик во кариерата. Тој за 39 милиони евра во 2017 година дојде од Рома, па беше најдобар играч на „црвените“ со кои освои ЛШ во 2019 година, а Премиерлига во 2020 година, но играше уште две финалиња во ЛШ кои ги загуби од Реал Мадрид (2018 и 2022).

Салах и сезонава не е лош статистички со 22 гола и 11 асистенции во сите натпреварувања, но Ливерпул е далеку од конкурентен, веќе испадна од ЛШ, премиерлигашкиот врв е предалечен, па останува само битката за место меѓу најдобрите четири и обезбедување нова сезона во мултимилионската европска елита.

Од триото кое донесе два важни трофеи на „Енфилд“, Садио Мане веќе си замина во Баерн Минхен од летоска, а Роберто Фирмињо ќе си оди летово. Затоа и Салах веројатно смета дека е време да се препушти местото на помладите. Има договор до летото 2025 година, а е поранешен фудбалер на Базел, Фиорентина и Челси.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.