Милан со 3-1 е поразен на гостувањето кај Удинезе, росонерите имаат пад во формата во Серија А, само еден освоен бод во последните три кола.
Категорија: Италија 18.03.2023 22:55
Удинезе одлично го почна мечот, со гол на Переира уште во деветтата минута поведоа со 1-0.
Пред самиот крај на мечот беше досуден пенал за Милан. Ибрахимовиќ прво промаши, но доби уште една шанса бидејќи играч на Удинезе предвреме влезе во шеснаесетникот. Овојпат Ибра погоди за израмнување на 1-1.
Со овој гол Ибрахимовиќ стана најстариот фудбалер кој постигнал гол во Серија А.
Но, тоа не беше се во првото полувреме, во следниот напад Бето даде гол и Удинезе го врати водството.
На 20 минути пред крајот Еизибуе постигна погодок и ги постави конечните 3-1 за Удинезе.
Утре ако Рома не загуби во дербито со Лацио, Милан ќе падне на петтото место.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.