24фудбал

Соиграчи на Столе сакаа да ги имитираат Меси и Суарез и убаво се избрукаа (ВИДЕО)

Рајо Ваљекано на нашиот Столе Димитриевски одигра 2-2 против Жирона, гостите има за што да жалат откако два пати не успеаја да реализираат пенал во првото полувреме.

Шпанија

Тренерот на Рајо Ваљекано ќе има што да им каже на своите фудбали откако денеска беа испуштени два бода против Жирона.

Во финишот од првиот дел, при резултат 2-1, домаќините добија пенал а Трехо превзеде одговорност. Неговиот удар беше одбранет, но судијата нареди најстрогата казна да биде поновена.

Во вториот обид, Трехо реши да ги имитира Меси и Суарез, па наместо да бие, само ја турна топката напред и остави неговиот соиграч Иси да реализира. Но работите не одеа според планот, Иси биеше над голот, па соигречите на Столе убаво се избрукаа.

За маката да биде поголема, Жирона во второто полувреме изедначи на 2-2 и со бод и си замина со бод.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.