Струга се врати на четири бода предност откако поладнево со 0-1 славеша на гостувањето кај Работнички а Академија Пандев успеа одново да му ги помати плановите на Шкупи и да одигра 1-1.
Категорија: Македонија 18.03.2023 19:13
Струга ТЛ не го дава врвот во ПМФЛ, во 24. коло триумфираше против Работнички во Скопје со минимални 0-1.
Херој на гостите беше Малески, кој во 28. минута доби топка на пет метри и рутински ја затресе мрежата.
Во корист им одеше и резултатот на мечот помеѓу Академија Пандев и Шкупи, каде домаќините во финишот се изборија за реми. Гостите и покрај тоа што играа со играч помалку, поведоа во 31. минута преку Маргвелашвили.
Сепак, Академија Пандев успеа повторно да го сопне актуелниот шампион на Македонија, и со голот на Велиновски од пенал да стигне до 1-1.
На останатите денешни натпревари, Силекс ја здроби Победа со 5-1, а Македонија ЃП славеше со 0-1 против Тиквеш во Кавадарци.
ПРВА ЛИГА, 24. КОЛО:
Академија Пандев – Шкупи 1-1 (0-1)
Велиновски 80 п. - Маргвелашвили 30
Победа – Силекс 1-5 (0-2)
Јованов 47 - Рамани 6, Серафимовски 44, Манасиевски 75, Ѓорѓиевски 90, 90+2
Работнички – Струга ТЛ 0-1 (0-1)
Малески 28
Тиквеш – Македонија ЃП 0-1 (0-0)
Фазли 68
УТРЕ
Скопје – Шкендија
Слободна е Брегалница
ТАБЕЛА: Струга ТЛ 46, Шкупи 42, Шкендија 38 (-1), Силекс 38, Бргалница 32, Македонија ЃП 29, Тиквеш 28, Работнички 24, А. Пандев 20, Скопје 14 (-1), Победа 13.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.