24фудбал

Алиоски: Да тргнеме со победа над Малта, потоа ни доаѓаат посилни противници

Македонскиот репрезентативец, Езгјан Алиоски вели дека е многу важно да стартуваме со три бода во квалификациите за ЕП 2024, бидејќи тоа е најлесниот противник во нашата група.

Македонија

Македонија во четврток ја пречекува Малта во првото коло од квалификациите за ЕП 2024. Алиоски ветува дека репрезентативците ќе го дадат најдоброто од себе за да тргнеме со победа.

„Среќни сме што после неколку месеци повторно се собираме со репрезентацијата на Македонија. Започнуваме нов квалификациски циклус и секако дека посакуваме победа над Малта и старт со три бода“, вели Алиоски.

„За нас е исклучително важно успешно да ги започнеме квалификациите затоа што потоа ни следуваат многу посериозни натпревари во силната група со Англија, Италија и Украина”.

„Посакувам сите да бидеме здрави и комплетни и верувам дека ќе го дадеме најдоброто од себе. Ќе се обидеме да одиграме одлични натпревари за успешни квалификации после историските резултати во последните години”.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.