24фудбал

Нагелсман откри, има крт во соблекувалната на Баерн Минхен

Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман откри дека имало крт во соблекувалната кој ги издал тактичките планови пред натпреварот со Бохум на 11 февруари кој Баварците го добија со 3-0.

Германија

На прес-конференцијата пред натпреварот со Баер Леверкузен, Нагелсман откри дека имало крт во соблекувалната, си го кажа тоа што му лежеше на душата.

„Кртовите се заштитен вид. Кога возите во Баварија, ќе видите 80 илјади живеалишта на кртови. Не можете да се ослободите од нив, затоа потрагата по крт е многу комплицирана. Нервозен сум. Што добива таа личност со отркивање на моите планови? На што се надева? Се обидувам да го откријам мотивот, но не можам“, вели Нагелсман.

„Важно ми е дека јас можам да се погледнам во огледало навечер бидејќи добро се однесувам со играчите и колегите тренери. Се надевам дека таа личност нема да може да се погледне во огледало“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.