24фудбал

На Меси не му се важни парите за да потпише нов договор со ПСЖ, друго го мачи

Влегуваме во финишот од актуелната сезона, а иднината на Лео Меси се уште е нејасна, тој има добиено понуда од ПСЖ за нов договор, но уште не одговорил.

Франција

Според Фабрицио Романо, ПСЖ веќе му доставил понуда на Лео Меси за продолжување на договорот. На Аргентинецот не му била важна сумата, бил задоволен од тоа, но сака да знае каков ќе биде проектот на клубот.

Пред да донесе одлука, Меси сака да види какви се амбициите на ПСЖ за идната сезона, кој ќе биде тимот и тренерот со кој ќе работи.

Доколку не биде убеден во проектот, Меси ќе ги разгледа другите опции, а тоа се враќање во Барселона или трансфер во Саудиска Арабија.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.