Играчот кој девет години беше фудбалер на Ливерпул, па потоа се пресели во Лацио, а од летоска стана член на својот матичен клуб Гремио, ја заврши кариерата поради проблеми со срцето.
Категорија: Јужна Америка 18.03.2023 07:13
Тој за Гремио одигра 17 меча, постигна три гола, таму престојуваше осум месеци по што мораше да стави крај на кариерата. Леива на прес-конференција со солзи ја објави одлуката која морал да ја донесе.
„Денеска објавувам крај на кариерата. Ова беше тежок период за мене и мислам дека ова е првпат што ќе ме видите како плачам. Благодарен сум за сѐ што ми се случи во кариерата, завршувам таму каде што сакав, ама не на начин на кој сакав. Се надевам дека вториот дел од животот ќе почне како што сакам. Благодарам на сите за трпението, морав и јас да чекам. Се надевав дека ситуацијата можеби ќе се смени, но тоа не се случи. Здравјето ми е на прво место. Им благодарам на сите клубови каде што играв, а најголем дел тргна од овој клуб и драго ми е што во овој клуб ја завршувам кариерата“, рече Леива.
De cortar o coração Lucas Leiva se emocionou muito ao anunciar sua aposentadoria, devido a problemas cardíacos. Não sei vocês, mas o estagiário aqui chorou junto com ele
— TNT Sports BR (@TNTSportsBR) March 17, 2023
Crédito: Grêmio TV pic.twitter.com/YHX6Vi9vYE
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.