24фудбал

Пиоли со порака до Наполи: Лигата на шампиони е друго натпреварување… и Милан е Милан

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли вели дека „росонерите“ сакаат да одат што подалеку во Европа и му порача на Наполи дека одличната сезона во Серија А не значи многу во Лигата на шампиони.

Лига на Шампиони

Ждрепката во Лигата на шампиони донесе неколку интересни дуели во четвртфиналето, Милан и Наполи за прв пат ќе играат меѓу себе во Европа.

Наполи го доби првиот дуел со Милан во првенството оваа сезона и има 20 бода повеќе во однос на „росонерите“ на табелата, но ова не му значи ништо на Стефано Пиоли, кој попладнево порача дека Лигата на шампиони е сосема друго натпреварување во однос на Серија А.

„Добивме тежок противник, но тоа ќе важеше и за било кој друг да ни се паднеше, се наоѓаме помеѓу осумте најдобри во Европа. Ние сме Милан и сакаме да продолжиме во Европа. Точно е дека Наполи е подобар од нас во Серија А, но Лигата на шампиони е сосема друго натпреварување и Милан е Милан“ – порача тренерот на „росонерите“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.