24фудбал

Мурињо го „пецна“ Лацио пред големото римско дерби

Во недела се игра големото дерби меѓу Лацио и Рома, па Жозе Мурињо во негов стил го пецна римскиот ривал.

Италија

Лацио е домаќин на Олимпико, а тоа значи дека ќе има поголема поддршка од публиката.

Рома лани ја освои Конференциската лига, а Лацио синоќа беше елиминиран од истото натпреварување, па Мурињо тоа го виде како можност да го пецне ривалот.

„Жал ми е за УЕФА, мора да плаќаат пари да го преместат трофејот од Конференциската лига. Можеше да остане во Рим, но наместо тоа веројатно ќе оди во Фиренца“, рече Мурињо алудирајќи на тоа дека Лацио нема да го повтори успехот кој го направија тие лани.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.