24фудбал

Ждрепка: Манчестер јунајтед против Севиља е дербито во четвртфиналето од ЛЕ

Денеска во Нион беше извршена и ждрепката за четвртфиналето и потенцијалното полуфинале во Лига Европа, најинтересен се чини дека ќе биде дуелот меѓу Манчестер јунајтед и Севиља.

Лига Европа

Севиља не игра најдобро оваа сезона во Ла Лига, но статистиката вели дека кога и да се пласира во четвртфинале од Лига Европа го освојува ова натпреварување. Тие за противник го добија најголемиот фаворит Манчестер јунајтед.

Победникот од овој дуел во полуфиналето ќе игра со вториот најинтересен четвртфинален меч, дуелот меѓу Јувентус и Спортинг Лисабон.

Во четвртфиналето од Лига Европа ќе има и реприза на минатото финале од Конференциската лига, се среќаваат Феенорд и Рома, а победникот од овој двомеч ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Баер Леверкузен и Унион СГ.

Четвртфинале ЛЕ:

Манчестер јунајтед - Севиља

Јувентус - Спортинг

Баер Леверкузен - Унион СГ

Феенорд - Рома

Првите четвртфинални натпревари се играат на 13. април, реваншите се седум дена подоцна.

Полуфинале ЛЕ:

Јувентус - Спортинг / Манчестер јунајтед - Севиља

Феенорд - Рома / Баер Леверкузен - Унион СГ

Првите полуфинални натпревари се играат на 11 мај, реваншите се седум дена подоцна. Финалето е на 31. мај.



Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.