24фудбал

Ждрепка: Познати се четвртфиналните и потенцијалните полуфинални двојки во ЛШ

Денеска во Нион беше извлечена ждрепката за четвртфиналето и полуфиналето во Лигата на шампионите.

Лига на Шампиони

Најголемото дерби се чини дека е дуелот меѓу Манчестер Сити и Баерн Минхен, Пеп Гвардиола ќе се сретне со неговиот поранешен клуб.

Кој ќе победи во овој дуел во полуфиналето ќе го има победникот од вториот дерби меч во четвртфиналето, Реал Мадрид против Челси.

Во четвртфиналето ќе има и италијанска пресметка, Милан против Наполи, а победникот од овој дуел ќе игра со оној кој ќе го добие двобојот меѓу Интер и Бенфика.

Четвртфинале ЛШ:

Реал Мадрид - Челси

Интер - Бенфика

Манчестер Сити - Баерн Минхен

Милан - Наполи

Првите четвртфинални натпревари се играат на 11. и 12. април, реваншите се седум дена подоцна.

Полуфинале ЛШ:

Милан - Наполи / Интер - Бенфика

Реал Мадрид - Челси / Манчестер Сити - Баерн Минхен

Првите полуфинални натпревари се играат на 9. и 10. мај, реваншите се седум дена подоцна. Финалето се игра на 10. јуни.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.