24фудбал

Фудбал Ликс со детали, кој претседател на Барса колку пари му исплатил на Негреира (ФОТО)

Фудбал Ликс објави детали за исплатите на Барселона кон Енрикез Негреира, почнале во 2001 година со сума од 135.228 евра а завршиле во 2018 година со исплата од 549.525 евра.

Шпанија

Барса е вмешаната во голем скандал откако даночна истрага откри исплати на милионски суми кон поранешниот потпретседател на судискиот комитет, Енрикез Негреира.

Се верува дека во периодот од 2001 до 2018 се исплатени преку 7 милиони евра, а прв кој почнал да ги користи улугите на Енрикез Негреира е Жоан Гаспарт во сезоната 2001/2002.

Потоа следува пауза од три години, а Жоан Лапорта во сезоната 2005/06 повторно ја обновува соработката и во период од неколку години значително ја зголемува исплатената сума.

Сандро Росел потоа продолжува да ги кориси услугите на Енрикез Негреира, исто како и неговиот наследник Жозеп Мариа Бартомеу, кој во 2018 решава да стави крај на соработката, наводно поради кратење на трошоците, а не поради тоа што завршува неговиот мандат во судискиот совет.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.