Тренерот на Рома, Жозе Мурињо уште еднаш го повтори своето мислење дека екипите кои се елиминирани во групната фаза од европските натпреварувања не треба да се префрлаат во ранг подолу.
Категорија: Лига Европа 17.03.2023 10:31
Денеска УЕФА ги влече паровите за четвртфинале во Лигата на шампиони, Лига Европа и Конференциска Лига, а Жозе Мурињо уште еднаш отворено говореше што мисли за правилата со кои тимовите кои се елиминирани во групната фаза добиваат уште една шанса и се префрлуваат во пониско натпреварување.
„Не ме интересира ждрепката. Има тимови кои не треба да бида тука (Јувентс, Севиља и Баер Леверкузен). Кога некој тим е елиминиран од одредено натпреварување, треба да си оди дома. Според мене, доколку тим од Лигата на шампиони триумфира во Лига Европа се губи смислатa на натпреварувањето. Лига Европа е натпреварување за тимови како нас, кои се тука од првиот ден“ – вели тренерот на Рома, кој не ја пропушти оваа прилика да го „пецне“ и лутиот градски ривал Лацио, против кого играат во недела.
„Лацио е елиминиран, сега нема да се префрлат во трето натпреварување, така?“
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.