24фудбал

Артета: Треба да се погледнеме самите и да сфатиме зошто не бевме доволно добри

Арсенал важеше за фаворит во двобојот со Спортинг Лисабон, но португалскиот клуб оди понатаму по подобро изведување на пенали, топчиите завршија со Европа.

Лига Европа

Арсенал важеше за еден од главните претенденти за трофејот во Лига Европа, но не успеа да го помине ниту осминафиналето, на патот им застана Спортинг.

По мечот Микел Артета беше самокритичен, жали за поразот и вели дека не биле на потребното ниво

„Ова е силен удар за нас. Имаше голем период во кој не личевме на себе, во првите 75 минути едноставно не бевме на нашето ниво. Ја дадовме секоја топка на противникот“, вели Артета.

„Ова беше тежок меч, не добивме доволно дуели, не вршевме притисок кога требаше и постојано ја подарувавме топката, им дававме лесно да прават транзиции“.

„Честитки за Спортинг, а ние треба да се погледнеме самите и да сфатиме зошто не бевме доволно добри. Сега ни остануваат 11 меча од Премиерлигата. Секој меч до крајот на сезоната ни е како финале“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.