24фудбал

Анчелоти откри за што разговарал со Клоп и порача: Тоа е лудост, ова не е фудбал!

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти откри дека со својот колега Јирген Клоп го коментирале пеналот кој го доби Манчестер Сити против РБ Лајпциг, смета дека одлуката е лудост и нема простор за вакви грешки во Лигата на шампиони.

Лига на Шампиони

Манчестер Сити во вторникот го „прегази“ РБ Лајпциг со 7-0, но резултатот беше отворен со прилично спорен пенал. И покрај тоа што никој од домаќините не бараше најстрога казна, од ВАР собата го повикаа судијата Славко Винчиќ да прегледа инцидент во кој беше инволвиран Бенџамин Хендрикс.

Гостинскиот фудбалер играше со рака по еден воздушен дуел, но беше свртен со грб и беше веднаш до Родри.

По вчерашниот натпревр помеѓу Реал Мадрид и Ливерпул, Карло Анчелоти откри дека со Јирген Клоп го коментирале овој момент.

„Двајцата бевме на исто мислење, дека тоа што се случи вчера е лудост, навистина, пеналот против Лајпциг е лудост. Мораме да внимаваме, ова не е фудбал. Да се свирне ваков пенал во Лигата на шампиони... Мислам дека никој не примети нешто спорно, и самиот Гвардиола не очекуваше да добие пенал“ – рече предводникот на „кралевите“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.