24фудбал

Клоп има кошмар од шпански клубови, особено од Реал Мадрид (ФОТО)

Ливерпул доживеа рана елиминација од Лигата на шампионите откако го загуби двобојот со Реал Мадрид, статистиката за англискиот клуб кога се шпанските екипи во прашање е очајна.

Лига на Шампиони

Јирген Клоп е фантастичен тренер кој му донесе голем успех на Ливерпул во изминатите години, титула во Премиерлигата, трофеј од Лигата на шампионите.... но интересна е статистиката кога ќе се сретне со шпански клубови во елитното натпреварување.

Под водство на Клоп, Ливерпул шест пати е елиминиран од Лигата на шампионите и сите шест пати тоа било од шпански клуб.

Еднаш од Севиља, еднаш од Атлетико Мадрид и дури четирипати од Реал Мадрид.