24фудбал

Хаос во Неапол, ултрас фанови на Ајнтрахт и Аталанта водат улични борби со полицијата (ВИДЕО)

Во пресрет на денешниот меч од Лигата на шампионите меѓу Наполи и Ајнтрахт Франкфурт, во италијанскиот град се случува „војна“ на улиците, навивачите на германскиот клуб поддржани од фанови на Аталанта се судрија со полицијата и Наполитанците.

Лига на Шампиони

Улични борби се случуваат во Неапол. Фудбалскиот клуб Наполи не дозволи присуство на навивачи на Ајнтрахт на мечот, но тие сепак дојдоа во градот, беа придружени и од ултрас фанови на Аталанта.

Според италијанските медиуми, има повеќе од 400 приврзаници на германскиот клуб, засилени со навивачите на Аталанта прват нереди низ градот. Се судриле со навивачи на Наполи, но водат борби и со полицијата која има полни раце работа.

Се верува дека ова ќе биде долга ноќ за припадниците на безбедносните сили во Неапол.