Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски денеска го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за првиот квалификациски меч за ЕП 2024, дуелот со Малта.
Категорија: Македонија 15.03.2023 11:08
На списокот на Милевски се најде еден нов играч, тоа е Давор Здравковски од кипарски АЕЛ Лимасол. Поранешниот младински репрезентативец игра во одлична форма под палката на Чедомир Јаневски во кипарскиот клуб.
Милевски за пресметката со Малта која на програмата е идниот четврток на Арената „Тодор Проески“ не ги повика Бобан Николов и Стефан Спировски кои немаат голема минутажа, а поради повреда ги нема Никола Серафимов и Тихомир Костадинов.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.