24фудбал

Еве за што биле плаќани милиони, објавени извештаи кои Негреира ги направил за Барса (ФОТО)

Медиумите од Шпанија објавија два извештаи кои Енрикез Негреира ги направил за Барса, поранешниот претседател на судискиот комитет ги анализирал судиите кои требале да делат правда на натпреварите на „каталонците“.

Шпанија

Барса е вмешана во голем скандал откако беше објавено дека клубот од Камп Ноу во периодот од 2001 до 2018 година му исплатил околу 7,3 милиони евра на поранешниот потпретседател на судискиот комитет, Енрикез Негреира.

„Каталонците“ се правдаа дека Енрикез Негреира имал задача да изготвува изветаши за судиите кои требало да им делат правда, додека пак обвинителството смета дека Барса на овој начин купувала наклонетост на судиите и поднесе пријава.

И додека сите со внимателност ги следат случувањата, Либертад Дигитал објави два изветаши кои Енрикез Негреира ги направил за клубот од Камп Ноу.

Едниот извештај е за судијата Иглесиас Виљануева, кој делел правда на натпревар против Мајока во ноември 2012 година. Документот во кој има еден куп печатни грешки, содржи статистика за судијата и кои се неговите силни и слаби страни.

Сличен извештај е направен и за судијата Давид Перез Паљас, кој судел натпревар на Барселона Б против Кордоба во втората лига на Шпанија во октомври 2012 година.

До овие извештаи е дојдено откако бил извршен претрес во домот на Жозеп Контрерас, поранешен директор на Барселона, кој почина во декември минатата година.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.