24фудбал

Џулија Робертс му го скршила срцето на Пеп Гвардиола (ВИДЕО)

На прес-конференцијата по натпреварот меѓу Манчестер Сити и Лајпциг, Пеп Гвардиола откри една тајна за познатата холивудска актерка, Џулија Робертс.

Лига на Шампиони

Манчестер Сити го победи Лајпциг со 7-0, Пеп Гвардиола беше расположен, па на новинарите им сподели и нешто што никој не очекуваше. Тој вели дека еден од неговите идоли е Џулија Робертс и тој е разочаран што таа е фан на Манчестер јунајтед.

„Ќе ви кажам една тајна. Што и да се случи оваа година во Лигата на шампионите, дури и ние да ја освоиме оваа ЛШ, или да освоиме три ЛШ по ред, јас ќе бидам губитник. Ќе ви кажам нешто. Имам тројца идоли во мојот живот, Мајкл Џордан, Тајгер Вудс и Џулија Робертс“, отркива Пеп.

„Џулија Робертс пред неколку години дојде во Манчестер. Не во деведесетите кога Фергусон освојуваше титули, титули и титули. Дојде во период во кој ние бевме подобри од Јунајтед четири или пет години, и таа отиде да го посети Манчестер јунајтед, не дојде да нѐ види нас! Па затоа дури и ако ја освоиме Лигата на шампионите тоа нема да биде споредливо со фактот дека Џулија Робертс дојде до Манчестер и не дојде да нѐ види нас. Па затоа што и да се случи, дури и ако ја освоиме Лигата на шампионите нема да биде споредливо со разочарувањето кое го имав“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.