24фудбал

Симеоне го „пецна“ Чави: Многу стратези кои преферираат убав фудбал сега велат дека 1-0 е убав резултат

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне испрати провокација до Чави, вели дека е среќен што и други тимови почнале многу да ја ценат победата од 1-0.

Франција

Атлтико Мадрид синоќа со гол во 93. минута стигна до победа од 0-1 на гостувањето кај Жирона, па тренерот на „колчонероси“ ја искористи оваа прилика да испрати зајадливи коментари.

„Гледам дека резултатот 1-0 е многу ценет од други тимови и тоа ме прави среќен. Не е лесно да се победи 1-0. Луѓето мислат дека треба само да се браните, но всушност ви е потребна огромна концентрација во дефанзивата, многу повеќе отколку кога имате 2-0 или 3-0“ – рече Диего Симеоне на прес конференцијата.

Подоцна во разговор со ДАЗН, тој беше потсетен дека ова е неговата 100-та победа со резултат 1-0 на кормилото на Атлетико Мадрид.

„Слушам како многу стратези кои преферираат убав фудбал велат дека 1-0 е убав резултат. Потребна е огромна концентрација, како во офанзива така и во дефанзива, и кога ја имате топката во нозе и кога ја немата“.

„Јас многу ја ценам победата од 1-0“.

Чави во минатото многу често го критикуваше стилот на игра кој го негува Диего Симеоне, па многумина сметаат дека ваквите коментари на Аргентинецот меѓу редови се провокација за предводникот на Барса откако „каталонците“ оваа сезона забележаа неколку победи со 1-0.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.