Манчестер јунајтед не успеа да го победи Саутемптон на домашен терен, мечот заврши без голови, а црвените ѓаволи еден час играа со фудбалер помалку откако Касемиро доби црвен картон во 34. минута.
Категорија: Англија 12.03.2023 18:59
Касемиро одеше на топката, ја удри прво неа, но потоа ногата со отворен ѓон заврши во фудбалерот на Саутемптон. По прегледувањето на снимката, судијата му покажа директен црвен картон.
Ова беше втор црвен картон за Касемиро оваа сезона поради што ќе добие суспензија од четири натпревари.
„Касемиро има одиграно преку 500 натпревари и никогаш не добил директен црвен картон. Сега има два во Премиерлигата. Неговото отсуство нема да биде проблем, ќе се справиме со тоа. Но тој е фер играч. Судијата имаше влијание на овој меч“, вели Тен Хаг.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.