24фудбал

Робињо исчезнал откако полицијата тргнала да го бара за да го спроведе во затвор!

Поранешната фудбалска ѕвезда од Бразил, Робињо, лани во Милано беше осуден на девет години затвор поради силување додека играл за Милан во 2013 година. Бразилската полиција тргнала да го бара за да го спроведе во затвор на издржување на казната, но него го немало.

Јужна Америка

Министерството за внатрешни работи на Бразил издало налог за апсење на Робињо и спроведување во затвор за издржување на казната, но никаде не може да го најде поранешниот фудбалер.

Тие го барале на адресата каде што живее, и на адреси каде што би можел да престојува, но ниту трага, ниту глас од поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Милан и Манчестер Сити.

Италија бараше екстрадиција на Робињо, но Бразил не ги екстрадира своите државјани, нема билатерален договор со италијанците за такво нешто. Бразилското министерство за правда им порача на колегите од Италија дека Робињо може да ја отслужи казната во бразилските затвори. Италија го прифати тоа, но сега проблем е што фудбалерот го нема.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.