24фудбал

ПСЖ донел одлука: Мбапе и уште 10 други

Според пишувањата на Л’Екип, ПСЖ ќе продолжи со големи инвестиции и по новиот неуспех во Лигата на шампиони, тимот ќе се гради околку Килијан Мбапе а на листата со желби има многу имиња.

Франција

Шеикот од Катар потроши огромно богатство за да го промовира ПСЖ помеѓу врвот во Европа но „светците“ секоја година разочаруваат во Лигата на шампиони (освен во 2020 кога играа финале).

Елиминацијата од Баерн Минхен оваа недела во осминафиналето донесе нови прашалници за тоа дали на „Паркот на Принцовите“ се влечат правилни потези, но се чини дека „светците“ знаат за само еден пат во потрагата по успех, да се трошат многу пари.

Како што пишува Л’Екип, се очекува летоска одново да биде одврзено ќесето и во Париз да пристигнат голем број на фудбалери.

Килијан Мбапе ќе биде играчот околу кој ќе се гради тимот, а неизвесна е иднината на Лео Меси, Нејмар и Серхио Рамос.

Милан Шкрињар од Интер веќе е договорен и ќе пристигне беспари, а Пау Торес од Виљареал исто така е на листата со желби.

Бернардо Силва од Манчестер Сити е големата желба за засилување во средниот ред, а на радарот има и неколку млади играчи како Рајан Шерки од Лион, Ману Коне од Борусија Менхенгладбах и Ибрахим Сангаре од ПСВ.

Што се однесува до нападот, Виктор Осимен од Наполи Гонсало Рамош од Бенфика се на списокот на спортскиот директор Луис Кампос.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.