Милан синоќа го завери пласманот во четвртфиналето од Лигата на шампионите откако одигра 0-0 на гостувањето кај Тотнем, а со тоа ја сочува предноста од 1-0 од Сан Сиро.
Категорија: Италија 09.03.2023 17:00
Иако има време до ждрепката за четвртфиналето, Пиоли беше прашан кој сака да избегне. Одговорот е Интер и Наполи.
„Италијанскиот фудбал напредува. Се надевам дека нема да се сретнеме со клубовите од Серија А во четвртфиналето“, изјави Пиоли.
„Милан со години немаше играно во Лигата на шампионите и минатата сезона ни беше тешко. Сега имаме повеќе искуство, се соочуваме со предизвиците со вистинску дух“.
Интер и Наполи допрва треба да го заверат пласманот во четвртфиналето. Интер дома го победи Порто со 1-0, а Наполи со 2-0 славеше на гостувањето кај Ајнтрахт.
Засега во четвртфиналето се пласираа Милан, Баерн Минхен, Бенфика и Челси.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.