Бразилскиот фудбалер на Тотнем, Ришарлисон си го кажа тоа што му лежи на душата, не се штедеше по мечот со Милан и го нападна Антонио Конте.
Категорија: Лига на Шампиони 09.03.2023 06:23
Тотнем доживеа елиминација од Лигата на шампионите откако одигра без голови против Милан и не успеа да ја анулира негативата од Сан Сиро.
Ришарлисон пристигна како сериозно засилување, но најчесто е на клупата за резерви, така беше и вчера.
„Да бидам искрен, оваа сезона е срање. Сакам да играм. Не го разбирам изборот на Конте. Бев во позитивен момент и Конте повторно ме стави на клупа. Синоќа ме тестираше во стартните 11 и сега повторно на клупа“, вели Ришарлисон.
По овој напад на Конте, тешко дека Ришарлисон ќе добие поголема минутажа во преостанатиот дел од сезоната.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.