24фудбал

Лапорта најави дека три позиции ќе бидат засилени летоска, ова е листата со желби на Чави и Барса

Првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта синоќа најави дека летоска ќе биде ангажиран нов десен бек, централен дефанзивец и напаѓач, на листата со желби на „каталонците“ има неколку имиња.

Шпанија

Неодамна, првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас предупреди дека Барселона летоска нема да може да прави трансфери поради правилата за Финансиски фер плеј, но Жоан Лапорта синоќа ги осигура навивачите дека ќе пристигнат засилувања и посочи дека приоритети се нов десен бек, централен дефанзивец и напаѓач.

Чави подолго време принудно става играчи на позцијата десен бек, каде по потреба одработуваат Жил Кунде, Роналд Араухо и Серхи Роберто, па целта е во иднина да се донесе квалитетен играч на оваа позиција. Прва желба е Хуан Фојт од Виљареал, цената на Аргентинецот е висока, па на листата се наоѓаат и имиња како Бенжамин Павар од Баерн Минхен, Томас Мунје од Борусија Дортмунд и Диего Далот од Манчестер јунајтед.

Чави исто така сака левак во централниот дел од дефанзивата, Ињиго Мартинез од Реал Сосиедад подолго време е на радарот, а во последно време се говори и за можноста да биде ангажиран Ајмерик Лапорт од Манчестер Сити.

Што се однесува до нападот, се водат преговори со Атлетико Паранаенсе за ангажман на талентираниот Виктор Роке.

И самиот Жоан Лапорта најави дека ќе мора да продаваат пред да инвестираат во нови играчи, па останува да се види како „каталонците“ ќе го одработат трансфер пазарот.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.