24фудбал

Негреира во 2020 и се понудил на Барселона: Можам да ви помогнам со ВАР… ќе поминевте многу подобро

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Енрикез Негреира во 2020 година и се понудил на Барселона, поранешниот потпретседател на судискиот комитет порачал дека може да помогне со ВАР.

Шпанија

Барселона минатиот месец беше вмешана во голем скандал откако беше откриено дека клубот од Камп Ноу му исплатил милионски суми на поранешниот потпретседател на судискиот комитет, Енрикез Негреира.

Љубителите на фудбалот се сомневаат дека на овој начин „каталонците“ ја купувале наклонетоста на судиите, додека пак Барса се правдаше дека Енрикез Негреира имал задача да обезбеди извештаи и видео материјали за играчи од пониските лиги, како и извештаии за судиите кои и делеле правда на Барселона.

Самиот Енрикез Негреира пак на истражителите им кажал дека Барселона му плаќала за совети, односно „каталонците“ сакале да се осигураат дека судиските одлуки нема да бидат против нив, дека „тие ќе бидат неутрални“.

Соработката завршила во 2018, Жозеп Мариа Бартомеу наводно ја прекинал поради кратење на трошоците, но во очи боде тоа што токму таа година доаѓа ново раководство во Фудбалската федерација на Шпанија, се правaт промени во судискиот комитет и Енрикез Негреира повеќе не е член.

Ел Мундо сега објави дека Енрикез Негреира во 2020 година повторно и ги понудил своите услуги на Барселона.

„Можам да ви помогнам со ВАР, ако сте заинтересирани, контактирајте ме“ – гласела пораката.

Во сезоната 2019/20, Реал Мадрид стигна до титулата а Барселона во неколку наврати јавно го крена гласот против ВАР и обвини за пристрасност и одлуки во корист на „кралевите“.

Кога Реал Мадрид бил прогласен за шампион, Енрикез Негреира им порачал на „каталонците“: „Со мене ќе поминевте многу подобро“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.