24фудбал

УЕФА ќе им ги врати парите на 20.000 фанови на Ливерпул кои не влегоа на финалето од ЛШ

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) објави дека ќе им ги врати парите за влезници на навивачите на Ливерпул кои не успеаа да влезат на стадионот во Париз за финалето од Лигата на шампиони (ЛШ) кое се одигра минатата година.

Лига на Шампиони

УЕФА ќе мора да врати пари на околу 20.000 навивачи, односно вкупно три милиони евра поради пропустите во организацијата.

„Ги земаме во предвид информациите кои се јавно или приватно објавени и сметаме дека оваа одлука е исправна. Изработивме шема според која парите ќе им бидат вратени на сите кои имаа проблем да влезат на трибините“, соопштија од УЕФА.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.