24фудбал

Двојна добра вест за Милан пред дуелот со Тотнем

Милан во среда го игра реваншот против Тотнем во осминафиналето од Лигата на шампионите, росонерите имаат предност од 1-0.

Лига на Шампиони

Фановите на Милан во пресрет на мечот од ЛШ добија двојна добра вест, Оливие Жиру и Брахим Дијаз тренираа заедно со останатите фудбалери.

Двајцата беа неизвесни за овој дуел. Жиру поради грип, а Брахим поради мал проблем во коленото, удар кој го доби на мечот со Фиорентина.

Двајцата ќе патуваат во Лондон и двајцата ќе бидат во комбинација за утрешниот меч.

Утринскиот тренинг во Миланело го следеле и директорите на Милан, Џорџио Фурлани, Паоло Малдини и Фредерик Масара.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.