24фудбал

Време е за Лига на шампиони, денеска ќе бидат познати првите четвртфиналисти

Денеска почнуваат реванш натпреварите од осминафиналето во Лигата на шампионите, мечеви се играат во Лондон и Лисабон.

Лига на Шампиони

На Стемфорд Бриџ, Челси ја пречекува екипата на Борусија Дортмунд која има предност од 1-0 по првиот натпревар.

Челси одигра добро во Дортмунд, беше подобар противник, но Германскиот тим на крајот се радуваше на победа.

Формата на сините е лоша, но добро за нив е што го добија последниот натпревар во Премиерлигата, па можеби тој ќе им вбризга самодоверба.

Двацата тренери нема да сметаат на важни играчи, кај Челси недостасуваат фудбалери како Тијаго Силва, Маунт, Менди, Канте... Во составот на Дортмунд нема да биде стрелецот на голот од првата пресметка, Адејеми.

На Стефморд Бриџ се очекува голема битка, но на Стад де Луж во Лисабон не би требало да има изненадување.

Бенфика го победи Клуб Бриж со 2-0 на негов терен, па сега на свој терен се очекува само рутински да си ја заврши работата и да се пласира меѓу осумте најдобри во Лигата на шампионите оваа сезона.

Двата натпревари се во стандарниот термин, 21 часот.



Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.