24фудбал

Проблеми за Милан пред мечот со Тотнем - Жиру не се појавил на денешниот тренинг

Еден од клучните играчи на Милан, Оливие Жиру не бил дел од денешниот тренинг на росонерите, Французинот имал грип.

Лига на Шампиони

Милан во среда го игра реваншот од Лигата на шампионите против Тотнем, на Сан Сиро росонерите славеа со 1-0, а неизвесен за мечот е Оливие Жиру.

Французинот веќе некое време имал грип, чувствувал симптоми и на натпреварот со Фиорентина. Тој не се појавил на денешниот тренинг со соиграчите.

Пиоли сака да го земе Жиру во Лондон и се надева дека неговата состојба ќе се подобри до среда и тој ќе може да биде во тимот за мечот со Тотнем.

Доколку не може да игра, тогаш се очекува некој од Анте Ребиќ, Дивок Ориги или Шарл де Кетеларе да го заземе неговото место.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.