24фудбал

Удар за ПСЖ, Нејмар го пропушта реваншот против Баерн Минхен

Тренерот на ПСЖ, Галтие потврди дека на реванш осминафиналниот меч против Баерн Минхен ќе играат без една од главните ѕвезди во тимот, Нејмар.

Лига на Шампиони

ПСЖ иако играше на свој терен во првиот меч со Баерн, загуби со 1-0, па сега во Минхен ќе треба да брка триумф, тоа ќе го прави без Нејмар.

Нејмар кој неодамна го повреди зглобот, ќе ги пропушти следните два натпревари на ПСЖ, а еден од нив е дуелот со Баерн.

„Нејмар нема да биде во комбинација за следните два меча, тој е еден од најдобрите стрелци и асистенти во Лига 1, па тоа е голема загуба за нас“, вели Галтие.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.