24фудбал

Изрешетана продавница во сопственост на Антонела Рокузо и оставена закана: Меси те чекаме, нема да те спаси...

Медиумите од Аргентина пренесуваат дека две лица испукале 14 куршуми кон продавница која е во сопственост на семејството на Антонела Рокузо и била оставена закана за Лео Меси.

Јужна Америка

Инцидент во Росарио, родниот град на Лео Меси. Како што пренесуваат медиумите, бил извршен напад врз продавница која е во сопственост на семејството на Антонела Рокузо, сопругата на фудбалерот.

Две лица пристигнале на мотор и отвориле оган, биле искупани 14 куршуми кон продавницата. Била оставена и закана, односно порака до Лео Меси.

„Меси те чекаме. Јавкин е дилер, нема да те спаси!“ - гласела пораката.

Пабло Јавкин е градоначланикот на Росарио. Постои сомнеж дека ова е обид да се изнудат пари од Лео Меси.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.