24фудбал

Гвардиола за одлуката да не направи измени против РБ Лајпциг: Многу сум добар и можам да правам што сакам!

Пеп Гвардиола синоќа не направи ниту една измена на гостувањето кај РБ Лајпциг, тренерот на Манчестер Сити иронично порача дека е толку добар па може да прави што сака.

Лига на Шампиони

„Граѓаните“ синоќа одиграа 1-1 на гостувањето кај РБ Лајпциг во осминафиналето во Лигата на шампионите, актуелниот шампион на Англија беше подобар противник во првото полувреме и поведе со голот на Ријад Марез, но домаќините го подигнаа нивото во продолжението од мечот и се изборија за реми преку Јошко Гвардиол.

Манчестер Сити во финишот притисна во обид да стигне до победа и многумина беа изненадени што Пеп Гвардиола не употреби адут од клупата, каде имаше играчи како Фил Фоден и Хулијан Алварез.

Со ваквиот потег, Манчестер Сити стана првиот тим кој не направил измена во Лигата на шампиони по Манчестер јунајтед во 2018 година, а Пеп Гвардиола на средбата со новинарите ја правдаше својата одлука.

„Според правилата имам можност да направам пет измени, но јас како тренер одлучувам дали сакам да направам измени, или не сакам. Не значи дека ако имам право да направам пет измени, морам да направам пет измени“ – рече Пеп Гвардиола.

Стратегот потоа иронично порача: „Многу сум добар и можам да правам што сакам!“

Со посериозен тон Пеп Гвардиола продолжи: „Навистина бев задоволен од она што го гледав. Помислив во игра да го пуштам Фил, очигледно момчето има талент со кој може да го промени мечот. По примениот гол сакав да направам измена, но веднаш ја вративме контролата врз мечот па немаше потреба“.

На крајот, Шпанецот повторно употреби иронија и рече: „Можеби на реваншот ќе направам луд потег и ќе играм со девет напаѓачи!“


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.