24фудбал

Онана зборуваше за кавгата на терен со Џеко: Можеби тоа е и добро!

Андре Онана и Един Џеко имаа жесток вербален дуел на мечот со Порто, па голманот по натпреварот беше прашан од новинарите за тој момент.

Лига на Шампиони

Онана имаше фантастичен меч, со неколку одлични интервенции спречи Порто да постигне гол во Милано.

Тој вели дека можеби и лутината која ја имаше во себе предизвикана од Џеко, влијаела тој да брани уште подобро.

„Овие работи се случуваат поради тензијата на мечот. Секој од нас има право да каже што мисли. Мислам дека треба да оставиме се зад себе. Јас сум голман и треба да си ја вршам својата работа. На крајот од денот, ние одигравме добро, кога сум лут како денес, бранам како што бранев денес, можеби тоа функционира...“, вели Онана.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.