24фудбал

Пеп: Луѓето очекуваат да дојдеме тука и да победиме со 5-0. Колку натпревари на Лајпциг сте гледале?

Манчестер Сити не успеа да го победи Лајпциг во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите, мечот заврши нерешено 1-1.

Лига на Шампиони

Пеп Гвардиола вели дека е задоволен од натпреварот, а очекувањата на луѓето се нереални, Лајпциг не е слаб противник како што некои мислат.

„Среќен сум како одигравме во текот на целиот натпревар, не само во првото полувреме. Што очекувате вие? Да играме пријателски натпревар тука? Колку натпревари сте гледале на Лајпциг? Луѓето очекуваат од нас да дојдеме тука и да победиме со 5-0“, вели Пеп Гвардиола.

„Тоа не е реалноста. Ова е натпреварување во кое и во групната фаза многу од големите клубови се елиминирани. Знаевме дека ќе биде тешко. Имавме четири меча за десет дека и сите беа гостински, со патување. Ние сме добар тим, и правиме многу добри работи и ќе продолжиме така. Но ако луѓето очекуваат да победуваме со 4-0, жал ми е, ние не можеме да го правиме тоа“.

„По мечот фудбалерите беа со наведнати глави. Им реков, зошто главите ви се долу, кренете ги, ова беше многу добар натпревар кој го одигравте. Не е важно ако не им се допаѓа на луѓето, вие одигравте како што требаше да одиграте“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.