24фудбал

Џабе им се парите, ниту една англиска екипа не победи во првата осминафинална рунда од ЛШ!

Англиските екипи не се прославија во првата осминафинална рунда од Лигата на шампионите, ниту една од нив не победи.

Лига на Шампиони

Премиерлигата има убедливо најбогати клубови, јазот со клубовите од другите лиги постојано се зголемува. Но инвестициите кои ги прават, не се одразуваат и на теренот, барем тоа не го видовме во првите осминафинални натпревари.

Ливерпул, Тотнем и Челси ги загубија своите натпревари, а Манчестер Сити вечерва одигра нерешено кај Лајпциг.

За разлика од англиските екипи, Италија има три претставника во нокаут фазата и сите три ги добија своите први осминафинални мечеви. Милан, Наполи и Интер.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.