24фудбал

Лукаку му донесе победа на Интер, Гвардиол спречи победа за Манчестер Сити (ВИДЕО)

Интер со гол на Ромелу Лукаку во самиот финиш од мечот го победи Порто со 1-0, немаше победник на дуелот меѓу Лајпциг и Манчестер Сити, тимот на Пеп водеше, но Гвардиол постигна гол за 1-1.

Лига на Шампиони

Порто требаше да остане со фудбалер помалку за Интер да дојде до победата. Ромелу Лукаку е херојот на нероазурите во првата осминафинална пресметка од Лигата на шампионите.

Натпреварот беше рамноправен. Но, Порто во 78. минута остана со фудбалер помалку откако Отавио заработи втор жолт картон.

Тогаш Интер ја зголеми офанзивата и тоа вроди со плод. Во 86. минута Лукаку од втор обид постигна гол за водство на Интер од 1-0, што беше и конечен резултат.


Немаше победник на дуелот меѓу Лајпциг и Манчестер Сити, натпреварот заврши 1-1. Англичаните доминираа во поголем дел од мечот, но не дојдоа до победата.

Манчестер Сити поведе во 27. минута кога фудбалерите на Лајпциг направија голема грешка, а тоа го искористи Марез за водство од 1-0.


Изедначувањето стигна во 70. минута кога Гвардиол погоди со глава за израмнување на 1-1. Тоа беше конечен резултат на натпреварот.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.