24фудбал

Наместо да ја слави победата, Спалети збесна поради Тоти и Икарди

Тренерот на Наполи, Лучано Спалети имаше многу причини за задоволство по вчерашниот меч во Франкфурт, но пред да почне прес-конференцијата непотребно збесна.

Лига на Шампиони

Наполи доминираше во Франкфурт и победи со 2-0. Наполитанците направија голем чекор кон четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Спалети видел дека фудбалските критичари се уште зборуваат за неговото менаџирање на Тоти и Икарди, па пред да почне со официјалните изјави, на некој од персоналот на Наполи нервозно му рекол.

„Тие се уште зборуваат за Тоти и Икарди, како сум ги менаџирал Тоти и Икарди! Сега, ќе се јавам на некој од нив двајца да им покажам како сум ги менаџирал!“, велел бесно Спалети.

Тоти се пензионираше во 2017 година кога Спалети беше тренер на Рома. Тоти имаше изјави против Спалети дека не му давал многу да игра во последната сезона од кариерата. Икарди си замина од Интер во 2019 година поради кавга со Спалети.

Како и да е, тренерот на Наполи прави неверојатни резултати оваа сезона, па јасен е неговиот бес кога наместо критичарите да зборуваат за сегашноста, тие го потенцираат минатото.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.