24фудбал

Карагер му памтеше на Ван Дајк што кажал пред два месеци, па сега не му остана должен, брутално му врати

Легендата на Ливерпул и сегашен фудбалски критичар, Џејми Карагер бил погоден од некои зборови на Вирџил ван Дајк пред два месеци, па синоќа беше идеална ситуацијата за враќање.

Лига на Шампиони

Одбраната на Ливерпул вчера беше ужасна, примија пет голови и при сите можеа подобро да реагираат.

Пред два месеци Ван Дајк рекол дека Карагер не би можел да игра во оваа одбрана на Ливерпул, а сега легендата на црвените го враќа ударот.

„Вирџил ван Дајк пред околу два месеци рече дека јас не би можел да бидам дел од оваа последна четворка во тимот. Сега мислам дека би можел да го земам неговото место. Не сум толку ужасен“, брутално одговори Карагер.

„Оваа одбрана на Ливерпул за која со години велевме дека ги има некои од најдобрите играчи во светот, не може да се справи сега со противниците, бидејќи претходно пред нив имаа шест играчи кои работеа понапорно и попаметно од било кој друг тим во светот, а сега ги нема, па одбраната комплетно се распаѓа“.

„Јас сум фан на Ливерпул. Го почитувам тренерот и сите фудбалери бидејќи во изминатите години направија многу. Ме боли кога зборувам негативно. Но Ливерпул е осми во Премиерлигата и самошто загубија со 5-2 во Лигата на шампионите. Знам дека е Реал Мадрид, но ова се два тима кои беа во финалето минатата година. Неприфатливо е тоа што го гледаме оваа сезона“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.