24фудбал

Клоп: Му благодарам на Бог што не играме секоја недела со Реал Мадрид

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп вели дека на реваншот во Мадрид ќе одат на победа, но смета дека прашањето околу патникот во следната рунда е решено, не гледа како би ја анулирале негативата од три гола на Сантијаго Бернабеу.

Лига на Шампиони

Клоп е разочаран, смета дека при сите пет гола можеле да реагираат подобро. Има само пофалби за Реал Мадрид, вели дека тоа е тим кој ја казнува секоја грешка.

„Се беше многу јасно, дадовме два гола, па примивме пет и при сите пет можевме подобро да реагираме. Имавме добра шанса да направиме нов чекор напред, но не успеавме. Во првото полувреме бевме солидни и покрај нивните два гола. Никој не го блокираше Винисиус при првиот гол, за вториот сите видовме што се случи. Имавме добар разговор на полувремето, но потоа третиот гол не уби, го промени мечот, тоа беше голем удар за нас“, вели Клоп.

„Во второто полувреме гледавме меч кој е измислен за тим како Реал Мадрид. Реал секогаш те казнува, никогаш нема да ти прости за некоја грешка на теренот. Ќе бидам искрен, мислам дека патникот за следната рунда е решен. Имаме и реванш, но со 2-5, мислам дека е готово. Ќе мора да ризикуваме во Мадрид, а знаеме колку е опасен Реал од транзиција. Таму ќе одиме да победиме, но мислам дека е готово“.

„Реал Мадрид е еден од најдобрите тимови во светот и му благодарам на Бог што не мора секоја недела да играме со нив. Многу е тешко да се одбраните од нив“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.