24фудбал

Мајтап со Клоп на социјалните мрежи, што рече тренерот на Ливерпул по финалето во Лигата на шампиони

Мајтап со Јирген Клоп на социјалните мрежи по поразот од Реал Мадрид, актуелна е изјавата на Германецот дадена по финалето во Париз кога порача навивачите на Ливерпул веднаш да резервираат хотели во Истанбул каде ќе се игра завршницата во Лигата на шампиони во сезоната 2022/23.

Лига на Шампиони

Кога Ливерпул во мај минатата година загуби од Реал Мадрид во финалето од Лигата на шампионите, Јирген Клоп беше задоволен од тоа како неговите момци ја одиграа сезоната и во какво светло се прикажаа во Париз, па храбро им порача на навивачите веднаш да резервираат хотели во Истанбул, градот домаќин на завршницата од ЛШ во сезоната 2022/23.

„Каде е финалето следната зезона? Истанбул? Резервирајте хотел!“ - рече тогаш тренерот на „црвените“.

Но откако Реал Мадрид вечерва направи голем кам-бек на Енфилд, триумфираше со 2-5 во првиот натпревар од осминафиналето и го стави Ливерпул на прагот на елиминација, на Јирген Клоп му се удри од глава изјавата од пред неколку месеци 

Овие коментари сега служат за мајтап со Германецот, љубителите на фудбалот на социјалните мрежи прават шеги на сметка на тренерот на Ливерпул.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.