24фудбал

Анчелоти откри на што помислил по водството на Ливерпул од 2-0: Испадна и подобро од тоа...

Карло Анчелоти вели дека о водството на Ливерпул од 2-0 помислил на големиот кам-бек против Манчестер Сити од минатата сезона, среќен е што поминале многу подобро од тој меч.

Лига на Шампиони

Реал Мадрид направи голем исчекор кон четвртфинале во Лигата на шампиони, „кралевите“ вечерва со 2-5 триумфираа на гостувањето кај Ливерпул и тоа откако домаќините поведоа со 2-0 по само 15 минути игра.

„Помислив на натпреварот против Манчестер Сити (кога со два доцни гола Реал славеше и ги елиминираше „граѓаните), се надевав дека ќе се повторат работите, и токму тоа се случи, само уште подобро“ - рече Карло Анчелоти по крајот на натпреварот.

„Заигравме подобро во одбрана, станавме поопасни во нападот и почнавме да постигнуваме голови“.

„Не беше лесно, особено како почна натпреварот. Не ја загубивме самодовербата и малку по малку почнавме да ја имаме контролата врз топката“.

„Првиот дел од овој двомеч помина добро, сега треба да мислиме на вториот, ќе не чека голема борба и страдање“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.