24фудбал

Навивачите на Ливерпул синоќа пукаа огномет, Реал Мадрид им испука „петарда“

Навивачите на Ливерпул кој пукаа огномет минатата ноќ пред хотелот на Реал Мадрид, не ја постигнаа целта, се чини само дополнително ги мотивираа гостинските фудбалери.

Лига на Шампиони

Ноќта пред мечот, во два часот по полноќ, пред хотелот во кој беа сместени фудбалерите на Реал Мадрид, навивачите на Ливерпул приредија гласен огномет со цел да им го нарушат сонот. 

Но, не само што не му помогнаа на својот тим, туку Ливерпул доживеа дебакл како никогаш претходно во меч од европските натпреварувања. Реал Мадрид испука „петарда“ во мрежата на Алисон.

Ливерпул до пред овој меч, никогаш немаше ниту четири гола примено на Енфилд на натпревар од Лигата на шампионите, овојпат прими дури пет.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.