24фудбал

Елмас и Наполи направија голем чекор кон четвртфинале во ЛШ (ВИДЕО)

Наполи со 2-0 го победи Ајнтрахт во Франкфурт и речиси и да ја заврши работата за пласман меѓу осумте најдобри во Лигата на шампионите, Елиф Елмас ги одигра последните десет минути.

Лига на Шампиони

Не само во Серија А, Наполи игра одлично и во Лигата на шампионите. Откако се прошета во групната фаза, во голем стил ги стартуваше и елиминациите.

Наполи можеше да поведе во 36. минута, но Кварацхелија не реализираше пенал. Трап го одбрани неговиот удар.

Сепак, само четири минути подоцна Наполи поведе со 1-0 откако по асистенција на Лозано, Осимен даде гол.

Проблемите за Ајтрахт се зголемија во 58. минута кога Коло Муани заработи црвен картон.

Во 65. минута Кварацхелија асистираше до Ди Лоренцо, за водство на Наполи и од 2-0.

Елмас во игра влезе во 80. минута, три минути подоцна заработи жолт картон.