24фудбал

Бразил ќе го чека Анчелоти

Бразилскиот весник „О Глобо“ тврди дека Фудбалската федерација на Бразил ќе го чека Карло Анчелоти до лето за да го назначи за нов селектор на репрезентацијата.

Јужна Америка

Бразил откако се раздели со Тите се уште не назначи негов наследник. Се шпекулираше со повеќе имиња, а последно е дека се во разговори со Карло Анчелоти.

Бразилската фудбалска федерација е подготвена да го чека Анчелоти до крајот на сезоната за да го назначи за селектор.

Преговорите се одвиваат добро, а планирани се состаноци меѓу претседателот на Бразилската федерација, Едналдо Родригез и претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

Анчелоти има договор со Реал Мадрид со 2024 година, па мора да добие дозвола од кралскиот клуб за заминување.

И Реал Мадрид ќе сака промени доколку Барселона ја освои титулата во Ла Лига, па реални се шансите Анчелоти да стане селектор на Бразил.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.