24фудбал

Манчестер Сити со адвокат кој ќе го плаќа 400.000 фунти неделно ќе се брани од исфрлање од Премиерлигата!

Манчестер Сити со еден од најскапите британски адвокати ќе се обиде да добие колку што е можно полесна казна за финансиските малверзации кои ги правеле.

Англија

Премиерлигата го обвини Манчестер Сити дека околу 100 пати ги прекршиле правилата за финансискиот фер-плеј од 2009 до 2018. Истрагата се водела цели четири години.

На богатиот клуб му се заканува и исфрлување од Премиерлигата, тоа е најлошото сценарио кое може да го снајде. Во најдобар случај може да помине само со одземање бодови.

Манчестер Сити за адвокат го ангажираше Лордот Паник кој беше дел од тимот на поранешниот премиер на Велика Британија, Борис Џонсон во аферата „Партигејт“.

Лордот Паник наплаќа по 5.000 фунти од час, но велат дека на Сити му бара по 80.000 фунти дневно, па ако работи во полно работно време, Сити ќе треба да му плаќа по 400.000 фунти неделно.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.