Според пишувањата на Газета дело Спорт, Јувентус по крајот на сезоната ќе се раздели со Анхел Ди Мариа, Адриен Рабио, Алекс Сандро, Хуан Квадрадо и Леандро Паредес, идеата е да се заштедат 70 милиони евра.
Категорија: Италија 06.02.2023 22:24
Јувентус минува низ турбулентен период, клубот доби ново раководство поради истрагата за штелување на сметки, како и 15 бода казна од Фудбалската федерација на Италија.
Ваквиот развој на настаните ќе влијае и врз плановите за идната сезона, а според Газета дело Спорт, визијата на Џон Елкан е јасна.
Мора да се кратат трошоците па „старата дама“ летоска ќе се раздели со Анхел Ди Мариа, Адриен Рабио, Алекс Сандро, Хуан Квадрадо и Леандро Паредес со цел да се заштедат 70 милиони евра.
Исто така, поголема шанса треба да им се даде на млади играчи како Ајлинг Џуниор, Николо Фаџоли, Фабио Мирети и Матијас Суле.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.